еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зоран Милески-Кичеец заврши во притвор за сообраќајката во која едно лице загина, а седуммина беа повредени

Основниот суд во Гостивар го прифати барањето на Јавното обвинителство на Зоран Милески – Кичеец да му биде одреден притвор.

Тој е осомничен за предизвикување на сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево, при што едно лице загина, а седуммина беа повредени.

„На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

Во истиот момент, во обратна насока кон Кичево се движел автомобил „Санг Јонг“ со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „Мерцедесот“ во предниот десен дел од автомобилот „Санг Јонг“.

Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „БМВ“ кој бил претекнуван,“ се вели во објаснувањето на Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство бара притвор за Зоран Милески-Кичеец за сообраќајката во која едно лице почина, а седумина беа повредени

Зоран Милески-Кичеец го пуштиле од затвор оти имал тахикардија и болки во градите

(ВИДЕО) Едно лице загина, а седуммина се повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Редакција

По Холандија и Канада и Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница