еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зоран Јовановски е нов директор на „Идризовo“: По откривањето на тунелот, сменет е Шпенд Тахири

Досегашниот директор на Казнено-поправната установа „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен од должноста на денешната владина седница, а на неговото место како в.д. директор е именуван генерал-мајор, магистер Зоран Јовановски.

Премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за Јовановски на денешната прес-конференција, рече дека се работи за врвен професионалец, кој има богата професионална кариера, пред се во Министерството за внатрешни работи.

Тој потенцира дека Јовановски во текот на својата професионална кариера поминал обуки во Полициската академија во Луизијана, организирани од Американската амбасада во земјава, како други обуки во САД, Германија, Велика Британија и Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како на филм: Во „Идризово“ затвореници со високи казни ископале 60 метри тунел и се подготвувале за бегство

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Боки13 со лисици на распит во Кривичен, претрес во 1ТВ и домот на неговите родители

Редакција

Повлечена иницијативата за “оживување“ на помилувањата на Ѓорге Иванов

Редакција

(Видео) Револт и тага: Студентите се собраа пред платото на УКИМ за трагедијата во Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница