еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто не се интонирана македонската химна на дочекот на Ципрас пред Влада: Пропуст, немање време или нешто друго?

На дочекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас пред Владата не беа интонирани, македонската и грчката химна, како што предвидува протоколот за дочек на висок функционер при официјална средба на една земја.

Немаше ни воен оркестар и почесна гарда.

„Протоколарно не можам да ја дефинирам посетава на Ципрас освен како “историска” како што велат медиумите. Работна ли е, или е официјална штом е дојден со сопругата? Каде се почестите, освен ќилимот и знамињата на ќошевите? Што е со химните, шпалирот, поздравот на знамето…? Зошто толкава делегација за дочек, кој со ташни кој со актовки, кој со и кој без кравата и распетлани сакоа? Која е причината за ваков “скратен” дочек на странски премиер?„, коментираат од Академијата за протокол на нивниот Фејсбук профил.

Од Владата пак за Фокус велат дека речиси сите протоколарни свечености биле изоставени затоа што доцнел авионот на Ципрас.

„Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени протоколарните свечени активности при дочекот, со цел да се добие време за исполнување на работната агенда“, велат од Владата за „Фокус“.

Дел од коментарите во јавноста и на социјалните мрежи беа дека македонската химна не била интонирана, бидејќи старото име на земјата – Македонија, не е сменето во истата.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заева и партнерката на Ципрас на прошетка на Кале

Партнерката на Ципрас, Бети Базиана положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба во Скопје

(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 18 случаи на Ковид-19 од 2.411 тестирани, бројот на активни е 437

Редакција

(Видео) Во Анкара отворен најголемиот земјоделски комплекс и простор за рекреација во Турција

Редакција

ЕУ го суспендираше договорот за визно олеснување со Русија: Ќе плаќаат поскапо, ќе им требаат повеќе документи и ќе чекаат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница