еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Зошто се празнува 23 Октомври

Денеска Македонија го слави Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.

Празникот се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници.

ШТО СЕ СЛАВИ

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.

Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.

Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет (МРО).

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава.

Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 Октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Користени материјали од Википедија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реални се шансите да ја добијат војната“: Путин е блиску да обезбеди копнен коридор до Крим преку Мариупол, вели британскиот премиер Џонсон

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 111 акции на ОКТА

Редакција

Времето ќе биде облачно и студено до крајот на неделата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница