еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЗСФ-КОМ и Современ дом ја зголемија сопственоста во Скопски пазар

Од Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза информираат дека во изминатиот период акционерот ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се стекнал со дополнителни 30 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.497 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар, што претставува учество од 38,76% во вкупниот број на обични акции.

-Истовремено известува дека акционерот Современ дом АД Прилеп се стекна со дополнителни 30 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.497 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар, што претставува 38,76% учество во вкупниот број на обични акции.

Во моментов ЗСФ-КОМ и Современ дом како акционери кои дејствуваат заеднички поседуваат вкупно 54.994 обични акции со право на глас или 77,52% од вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По понудата за преземање: ЗСФ-КОМ и Современ дом купија 21.224 акции од Скопски пазар

„ЗСФ-КОМ“ и „Современ дом“ сакаат целосно да го преземат „Скопски пазар“: Нудат 6.500 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Има закани за цела Европа од нуклеарен напад“: Протестен марш во Скопје против војната во Украина

Редакција

Беќаровски за причестувањето: Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин

Редакција

„Цивил“: Бранко Црвенковски избришан од избирачкиот список

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница