еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни пет пожари во Македонија, четири се под контрола

Во Македонија денеска се активни пет пожари а, четири се под контрола.

Вчера имало вкупно 42 пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активните пожари се кај селата Тажево, Брезница и кракот кон Јасен, на Илинска планина кај селото Базерник и помеѓу Косел, Расино, Опеница и Валина на четири точки.

Пожар има и кај местото викано Погана кон ветерниот парк Богданци и помеѓу селата Зелениград и Јамиште.

Четирите пожари ставени под контрола се кај селото Пресека, кај селото Патетино, помеѓу селата Пласница и Латово и кај селото Дулица.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oсигурениците најмногу се жалат на штети во сообраќај покриени со европски извештај

Редакција

Сите фактури кон приватните автобуски превозници се платени, тврди директорот на ЈСП

Редакција

Пендаровски: Реално немаме ресурси да покриеме кризна состојба на цела територија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница