еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Апел од ЦУК заради влошување на времето

Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, а таму каде што ги има да се исчистат, бидејќи може да направат брана и да се илее водата од нив.

Бидејќи се очекува и силен ветар, истовремено се упатува апел да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината.

Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Праските од рускиот ќе се префрлаат на британскиот, косовскиот или албанскиот пазар

Редакција

Вознемирувачки фотографии од запалени луѓе во Буча

Редакција

85 македонски интелектуалци против менување на историјата и за заштита на Македонците во Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница