еМагазин
Image default
Забава

Балетска претстава за деца „Доктор Офболи“ на 21. јануари

На 21 јануари со почеток во 19 часот ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи“.

Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.

Кореографијата за оваа претстава ја создаде познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, додека музиката е на Игор Морозов, работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Славчо Крежески ја објави песната “Одведи ме дома”

Редакција

Давид Јанев ќе ја претставува Македонија на Светско првенство во друштвена игра Катан, во Штутгард

Редакција

(Видео) Шварценегер, Мадона, Лопез: На познатите „не им лесно“ во корона-карантин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница