еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бившите министри Бесими и Бектеши цела година на апанажа, Лога девет месеци

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска одобри барања за апанажа за уште тројца поранешни министри.

Бившите министри за финансии и економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, ќе земаат апанажа во висина на платата која земале цела година, а бившиот министер за правда, Кренар Лога, девет месеци.

Тие цела година ќе земаат по околу 2.000 евра.

Претходно апанажа беше одобрена и за поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, екс министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и бившиот министер за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами.

Апанажа добија и 36 поранешни пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе земаат апанажа

Уште седум пратеници добија апанажа, засега 36

Кои пратеници ќе земаат апанажа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев го тужи потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски за клевета дека бил врвот на пирамидата во случајот „Рекет“

Редакција

Најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирус во Македонија

Редакција

Вкупно 7 полицајци се заразиле со корона вирусот во Охрид, епидемиолошката анкета ќе покаже како и од кој

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница