еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на странските зголемен за 19,3, а на домашните туристи за 7,4%

Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,3%, објави Државен завод за статистика.

Кај домашните туристи има зголемување за 7,4 проценти, а кај странските за 19,3 %.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 15,2 %, кај домашните туристи за 15%, а кај странските за 15,4 %.

Во државава во април годинава се регистрирани 81.752 туристи, од кои 23% се домашни, а 77 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8 % се од домашните, а 71,2 % од странските туристи.

Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 од Германија, 5.006 од Србија, 2.766 од Грција, 2.319 од Бугарија, 2.116 од Хрватска, 1.892 од Словенија.

Хотелско сместување користеле 76.662 туристи, од кои 24.472 биле сместени во хотели со пет ѕвездички, 40.392 во хотели со четири ѕвездички, 9.840 во хотели со три ѕвездички…

Во преноќишта се сместиле 1.218 туристи, 1.150 во куќи, станови за одмор и соби за издавање, 596 во бањски лекувалишта, 445 во работнички одморалишта…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кавадарци вработува четири лица, плата до 24.405 денари

Редакција

Антон Јовиќ е нов генерален извршен директор на велешки „Димко Митрев„

Редакција

Непродадени 6.436 нови станови, се градат уште 12.902

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница