еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

„Веселите девојки“ доаѓаат во Скопје

Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје. Музичко-сценскиот спектакл „Веселите девојки“ во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ, на 23. март ќе биде изведен на сцената во „Македонска Филхармонија“.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив.

Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.

На овој музичко-сценски спектакл ќе настапат Тијана Дапчевиќ, Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пожарот од светиниколско се движи кон Штип, во гансењето ќе се вклучат хеликоптер и ер трактори

Редакција

МОН без оглас ќе набави учебници од „Арбериа-десигн“ за 149 милиони денари

Редакција

Синоличка Трпкова: На сите протести излегува мала критична маса, без партиска припадност, која станува полека предмет на потсмев и омраза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница