Во последната епизода на култната анимирана американска серија „Симпсонови“ се појави лик по потекло од Македонија, бејзбол играч, кој станува нова сензација во градот Спрингфилд.
Епизодата се емитуваше на 27. април, а на социјалните мрежи се споделуваат сцени од истата во која се зборува и пее на македонски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец нов лик во култната „Симпсонови“
Во изготвувањето на епизодата учествуваа и Невена Нешкоски, која заедно со брат и Наум и сестра и Невена, живеат во САД, а потекнуваат од Македонија.
Тие се креатори на детскиот едукативен јутјуб-канал „Дарко Биберко“, а во подготовката на епизодата имале повеќекратна улога – од превод, преку консултации, до интерпретација на песна која ја испеаја на македонски јазик.