еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонија во Лондон потпиша договор „влада со влада“ со Обединетото Кралство

Во Лондон денеска беше потпишан договорот „влада со влада“ помеѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Договорот го потпишаа македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас.

Договорот како што е познато е во вредност од 6 милијарди евра, а парите од заемот ќе се инвестираат во транспорт, образование, здравство, животна средина и дигитализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познато за што ќе се трошат 6. милијарди од Обединетото Кралство, Македонија нема да отвара мигрантски кампови

Како што изјави Николоски веќе се подготвени три приоритетни проекти – брзата железничка врска по Коридорот 10, модернизација на болниците и изградба на нов Медицински факултет.

Понатаму ќе се продолжи со проекти и во енергетиката и заштитата на животната средина.

Според Николоски, соработката ќе значи не само финансиска поддршка, туку и директен трансфер на експертиза од британската јавна администрација и бизнис секторот, што ќе овозможи подигање на капацитетите на македонските институции и компании.

Томас нагласи дека двете земји се блиски сојузници во рамките на НАТО и ја оцени соработката како значаен чекор напред во економските и билатерални односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договорот со Обединетото Кралство ќе се потпише во четврток, кој се ќе оди во Лондон?

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест новозаразени со Ковид-19 во Дебар, активни 37 случаи

Редакција

Не дојде сведок на одбраната: Одложено судењето против Мухамед Зеќири

Редакција

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница