еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонката Даниела Алексовска е европски шампион во ММА!

Македонија слави уште еден историски успех.

По освоениот сребрен медал на Европското првенство во 2024 година, оваа година, Даниела Алексовска, членка на „Д Стронгест“, се закити со златен медал на Европското ММА првенство 2025 во Белград, Србија.

-Во финалето на женската дивизија, Алексовска ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка – во првата рунда за помалку од една минута со зафат (триаголник), освојувајќи ја првата европска ММА титула за Македонија во женска конкуренција.

Овој успех претставува значајна победа за македонскиот ММА спорт, а Алексовска уште еднаш докажа дека припаѓа на европскиот врв, информираа од Федерацијата на Македонија за ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА!

Фото: Федерација на Македонија за ММА/видео: Фејсбук/Ивица Алексовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува гласањето на референдумот: Ќе гласаат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори

Редакција

Директор во Комерцијална купи 100 акции на Банката

Редакција

Барањето на Путин гасот да се плаќа во рубљи, значи раскинување на договорот, оцени германскиот министер за економија Хабек

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница