еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонци во Солун им одадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани

Денеска Македонци кои живеат и учат во Солун, Грција, со 60 минутен молк им одадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани.

Тие се собраа на плоштадот Аристотелис во Солун, а за настанот освен локалните интерес покажаа и националните грчки медиуми.

Како што јавува дописникот на еМагазин од Грција, изминатиов период несреќата во Кочани беше топ тема во грчките медиуми, но и на социјалните мрежи, а по трагедијата и грчките власти најавуваат проверки на угостителските објекти.

Бројни грчки медиуми, меѓу кои и најгледаните национални телевизии имаа свои репортери од Кочани.

Почит за загинатите периодов на различни начини се одаваше и во Бугарија, Србија, Австралија…

Фото/видео: thestival.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Случајот Навални ја тресе светската јавност: Неговата докторка тврди дека е отруен и бара увид во лекувањето

Редакција

Кој е Назим Буши, старо-новиот заменик министер за внатрешни работи

Редакција

За работа како лекар во Дубаи може и работна виза, зошто Филипче добил златна?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница