еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Нов видеоспот на Калиопи за песната “Дај, дај ми дај”, сингл од новиот албум “Албум”

2024 година беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „Албум“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови.

На тој начин ги одбележаа и 40. години од нивната заедничка соработка.

Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во Охрид и во Битола, заклучно со големиот концерт во преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што уште еднаш потврди колку е голема поврзаноста меѓу неа и публиката, како и значењето на музиката што се создавала сите овие години наназад, сè до денес.

Пред големите подготовки за нејзината регионална турнеја, таа реши годинава да ја заврши со уште едно изненадување за публиката. Го реализира и седмиот видеозапис за песната „Дај, дај ми дај“ од новиот албум, во соработка со Мелем продукција.

Со песната и видеоспотот, заедно со Халкбанк, таа сака на сите луѓе да им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници.

„Среќна сум и благодарна што имав ваква година.И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето – никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување.

Песната “Дај, дај ми дај” нека биде потсетник за сите нас – секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме,“ изјави Калиопи.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Македонската историја не треба да биде тема за политичко пазарење

Редакција

Чаир повторно прв: Активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

ОТА во моментов следи 159 комуникации, можно е некои од нив да се поврзани со „Рекет“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница