еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Нови масовни протести низ Грција за железничката несреќа кај Темпи

Синоќа низ Грција се одржаа нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи во која пред две години загинаа 57 лица, претежно млади, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Протестите почнаа од попладне кога протестираа студентите и учениците, а вечерата ним им се придружија синдикати, преставници на разни здруженија, политички партии…

Во Атина додека во Парламентот се гласаше за недоверба на Владата, инцијатива која ја поднесе опозициската Пасок, подржана од Сириза, Нова левица и Курс на слободата, по протестот повторно имаше судар на полицијата и мал дел од учесниците на протестот.

Судир со полицијата имаа и дел од учесниците на протестот во Солун.

На Владата на Нова демократија не и беше изгласана недоверба, бидејќи има мнозинство од пратениците.

Оваа беа трети по ред протести од 28. февруари, кога се одбележаа две години од несреќата, за која дури 72% од граѓаните смета дека Владата ги крие вистинските причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На Грција и се случува Србија, нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи

(Фото) Споменик за загинатите од несреќата кај Темпи во Солун, утре нови протести

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО Цел Солун на улица: еМагазин на историски најмасовниот протест, во чест на жртвите од железничката несреќа кај Темпи

Фото: еМагазин/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтопло во јули: Летово ќе биде со натпросечни температури и просечни врнежи

Редакција

Иванов: Објавувањето на Законот за јазици и Договорот од Преспа во Службен весник без мој потпис е противуставно и претставува основа за кривично гонење

Редакција

383 нови случаи на Ковид-19, во Скопје дури 201

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница