еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Поканети политичари не дојдоа на хуманитарна аукција во Кочани, Давкова Сиљановска дојде директно од Рим

На вчерашната хуманитарна аукција, организирана од НУ Центар за култура „Бели Мугри” – Кочани и SupportKocani не дојдоа политичари кои биле поканети.

На истата директно од воен аеродром од Рим, Италија, дојде претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која беше на погребот на папата Франциск, а дојде и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сиљановска Давкова на погребот на папата Франциск се запозна со Доналд Трамп и Меланија

За над 140 ликовни дела, рачни изработки и литературни изданија од автори од Кочани, Виница и други градови, се надаваа и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Павле Арсовски од ЗНАМ, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски и мал број локални бизнисмени.

Беа собрани околу 30 илјади евра, кои ќе се донираат на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани.

Фото: Филипче/Фејсбук/видео: Скопје 1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пазар на штета на себе и признавање на вина која не постои“, вели Груевски за денешното судење за „Титаник“

Редакција

Рекорд: Лани во светот потрошени 2.240 милијарди долари за воени трошоци

Редакција

Убава вест: Оздравени 280 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница