еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Со Шон Диди е завршено, ќе настрадат ли и кариерите на Џенифер Лопез, Бионсе, Џеј Зи, Џастин Бибер, Мараја Кери…

Против американскиот рапер Шон Диди Комбс, кој е во затвор откако минатиот месец беше уапсен за бројни кривични дела, од трговија со луѓе до рекетирање, силување и киднапирање, има најави за тужби од 120 нови лица, а бројката може да стигне дури до 3.000 тужби, пренесуваат американските медиуми.

Новите тужби се за за сексуален напад, силување и сексуална експлоатација, а од нив половина се од мажи.

Според американските медиуми некои од тужбите наводно се за случаи во кои се инволвирани 25 малолетници, со што раперот за првпат се соочува со можноста за обвинувања за сексуално злоставување деца.

Најголем дел од тужителите велат дека биле силувани по т.н. бели забави организирани од Комбс во приватни резиденции и хотели.

Обвинувањата временски се протегаат од 1991 година до годинава.

Правната застапничка на Комбс, Ерика Волф изјави дека тој категорично ги негира обвинувањата, велејќи дека се лажни и клеветнички.

Тони Базби, адвокат од Тексас, САД, кој ќе ги застапува новите тужители изјави дека неговиот тим има „собрано слики, видеа, текстови“ и дека ќе ги разоткријат оние кои го овозможиле ова однесување зад затворени врати повеќе децении.

На интернет веќе на големо се појавуваат бројни фотографии и видео од забавите на Комбс, на кои присустувале светската музичка и филмска елита од Џенифер Лопез (со која беше во врска), Бионсе, Џеј Зи, Џастин Бибер, Мараја Кери до Леонарди Ди Каприо.

Дали тие знаеле што навистина се случувало, дали ќе бидат повикани како сведоци на престојното судење и дали овој случај ќе има сериозен удар врз нивните кариери ќе биде јасно наскоро.

Видео: WatchMojo.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-вест) Грчки авиони летаа над Скопје на годишнината од влезот во НАТО

Редакција

Еден тим на итна помош во Струмица и Тетово, „покрива“ дури по 40.000 жители дневно

Редакција

(ВИДЕО) Поради ненадејно екстремно невреме, најмалку 21 жртва за време на ултрамаратон во Кина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница