еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Џафери му ја предаде премиерската функција на Мицкоски

Досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски.

По пристигнувањето, премиерите имале кратка средба во премиерскиот кабинет.

„Досегашниот премиер, Џафери, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски, пришто му посака успешна и ефикасна работа, во интерес на сите граѓани на државата и на Македонија.

Констатирано беше дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање на власта. Ова се оцени како придонес во европското поведение на државата, којашто цели кон полноправно членство во Европската Унија,“ се вели во соопштението од Владата.

Досегашниот премиер Џафери, посочил дека на државата, како и досега, и понатаму ѝ се потребни квалитетни реформи, со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните според европските демократски стандарди и вредности. Изразена е и надеж за високо ниво на политичка свест и соработка околу стратешките приоритети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија доби нова Влада, кој сѐ е во неа

Кој е Христијан Мицкоски, новиот македонски премиер

Мицкоски даде заклетва со „Северна“

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува големиот интерес за вакцинација, вчера се вакцинирале 13.303 граѓани

Редакција

Припадниците на Армијата пуштени на домашно лекување по вчерашната сообраќајка

Редакција

Заев в недела ќе го достави предлогот за реконструкција до Собранието

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница