еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Викендов стабилизирање на времето и пораст на температурите

Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Револуцијата продолжува: Моден викенд Скопје ја спојува одржливоста со стилот во својата 28. сезона

Редакција

Пратениците од внатрешноста од 1 септември ќе можат да добиваат 500 евра за стан во Скопје

Редакција

Кабелските оператори го прекинаа реемитувањето на сите телевизиски програми, освен на МРТ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница