еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ја разреши ревизорката за ИПА-фондовите, Афрона Верзиволи

Владата информира дека на седница е разрешена Афрона Верзиволи од должноста вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Верзиволи, која е кадар на владејачката „Вреди“ е разрешена под притисок на јавноста, бидејќи нема сертификат за оваа позиција.

На нејзино место е назначен Aрбен Рамадани.

„Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа,“ велат од Влада.

Иван Игњатов се именува за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е Доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ревизорката на ИПА фондовите Афрона Веризволи ќе биде разрешена, нема сертификат

Откако Вервизоли ќе добие сертификат ќе биде вратена на функцијата главен ревизор на ИПА фондовите, најавија од „Вреди“

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва отвора кривични постапки за наводно мачење руски војници во Украина

Редакција

Врвен мотивациски перформанс на Ана Дорник во Скопје

Редакција

Во Истанбул е убиен водачот на црногорскиот клан Шкаљар, Јован Вукотиќ кој имал и македонски пасош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница