еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Во МНТ гостува монобајката „Презимето на розата“ во изведба и режија на Оливера Балашевиќ

На големата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) на 15. март 2024 година со почеток во 20 часот ќе гостува монобајката „Презимето на розата“, во изведба и режија на Оливера Балашевиќ, информираат од МНТ.

„Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството.

„Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.

Асистент на режисерот е Јелена Балашевиќ, а дизајнер на светло е Бранислав Агарски.

По претставата следи промоција на романот „Планета двориште“ и потпишување на книгите од страна на Оливера Балашевиќ, со пригоден коктел.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата како и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„30 предмети поврзани со Мерко, ниедно судење, ниедна пресуда“: Твитер реакции

Редакција

Досега се вакцинирани 4.000 деца на возраст до 18 години

Редакција

Продолжува трендот на раст на угостителските услуги

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница