еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во прашање се денови за испорачување на Палевски во Македонија, тврди Лога

Министерот за правда Кренар Лога, за време на посетата на Турција изјави дека очекува постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да заврши брзо.

„Судскaта постапка за ектрадицијата на Палевски е завршена и во прв и во втор судски степен во Турција и е потребно завршување на административниот дел, односно МНР на Турција да стави свој потпис на екстрадицијата,“ изјави Лога за телевизијата Телма.

Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога тврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.

Фото: Фејсбук/Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца починати од Ковид-19 во Тетово, се намалува бројот на хоспитализирани

Редакција

Со џиновска пита од 4,2 метри во Велес започна „Питијада“, еве кој настапува вечер и утре

Редакција

(Фото) Македонскиот модел Андреј Пајмакоски во кампања за новиот српски бренд „Филозофи“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница