еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Возачките со старото име важат до крајот на годината

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска апелираше до граѓаните кои имаат возачки дозволи со старото име на државата да извадат нови, бидејќи тие ќе важат до крајот на 2024 година.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото име.

„Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година“, изјави Тошковски.

Тој рече и дека од оваа недела натаму секој граѓанин кој што ќе поднесе барање за нов пасош, возачка дозвола или лична карта, ќе може да ги оствари во рамки на законското право во рок од 15 дена.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган е против Шведска и Финска да влезат во НАТО, според турскиот претседател грешка е и приемот на Грција

Редакција

„Шах-мат на вселенскиот патријарх“: Што пишуваат грчките медиуми за признавањето на Охридската архиепископија за канонска

Редакција

Макпетрол со добивка во првите девет месеци

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница