еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Генералниот директор Пецовски и членови на УО на Реплек купија акции, Настел продаде

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, кој е претседател на Управниот одбор (УО) и генерален директор на Реплек, се стекнал со 5 нови акции, и сега поседува вкупно 31.615 или 12,20% од вкупниот број на акции.

Акционерот со над 5%, Владимир Пецовски, се стекнал со 4 нови акции, и сега поседува вкупно 16.444 или 6,34% од вкупниот број на акции.

Членот на УО, Коста Котески, се стекнал со 10 нови акции, и сега поседува вкупно 360 обични акции.

Членот на УО, Панче Гелевски, се стекнал со 5 нови акции, и сега поседува вкупно 305 обични акции.

Членот на УО, Марјан Велковски, се стекнал со 10 нови акции, и сега поседува вкупно 40 обични акции.

Купувањето на акции од страна на менаџмент на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи.

Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ пак продала 97 акции, и сега поседува вкупно 21.498 или 8,29% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек

Настел повторно продаде акции на Реплек

Настел повторно продаде акции на Реплек, Душан и Владимир Пецовски купија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Штипско Angels Cafe како новогодишна бајка

Редакција

Рекордни 2.778 повици за помош поради невремето

Редакција

„Фабрика Карпош“ му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница