еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајца повредени од пожарот во Кочани се враќаат од странство, тројца се во критична состојба

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека остануваат уште 100 повредени од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во домашните и странските болници.

Осумдесет повредени се лекуваат надвор од државата, а двајца се враќаат денеска.

Еден од четворицата повредени кои беа во критична состојба, е во подобрена состојба.

„Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.

Министерот изјави дека очекуваат враќање на повеќе пациенти од странските болници во текот на неделата.

Денеска пак, се враќаат двајца пациенти – од болниците во Полска и Шведска.

За потешките пациенти на кои ќе им биде потребна рехабилитација, истакна дека има неколку опции „8-ми Септември“ во Ковид центарот, Центарот за рехабилитација во Козле, но има и понуди за подолгорочна рехабилитација надвор од држвата без трошоци од државата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе гради ли „Пуцко петрол“ висококатници на просторот кај „Алумина“ во скопски Карпош?

Редакција

(Фото) Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Редакција

Новинарот кој објавува материјали за „Рекет“ се сликал со Иванов, еми Боки со кој се не се сликаше

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница