Во сообраќајка на влезот од Битола денеска на лице место загинаа две лица.
Засега нема официјални податоци за нивниот идентитет, освен дека едното лице е од Скопје, а другото странски државјанин.
Сообраќајката, во која има и едно тешко повредено лице, исто така странски државјанин, се случила на магистралниот патен правец А3 што ги поврзува Битола и Прилеп
Во истата учестувале камион и патничко моторно возило, кои се судриле.
Повредениот е пренесен во ЈЗУ Клиничка болница Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
37 и 42-годишен маж загинаа во сообраќајката на влезот од Битола