еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Две лица и малолетничка тешко повредени, при пукање на свадба во кичевско Бачишта

Полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас околу 3 часот утринава го лишиле од слобода Б.У. (46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија.

-Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У. (64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е. (33), М.Р. (57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски посочува и дека од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола.

По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на вредноста на јавните набавки на општините за една третина, во Скопје дури за 68%

Редакција

Исчезна 15-годишно девојче од Аеродром

Редакција

Се бара 21-годишната Енкеледа Чела, студентка од Албанија која исчезнала во саботата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница