еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Денеска избори во Косово, Ахмети „навива„ за опозицијата

Во Косово денеска се одржуваат деветите парламентарни избори, а битката ќе се води помеѓу Движењето Самоопределување на актуелниот премиер Албин Курти, Демократската лига на Косово предводена од Лумир Абдиџику, Демократската партија на Косово на Мемли Красниќи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера изјави дека на изборите требало да победи опозицијата, оти тоа ќе влијаело добро за мирот и стабилноста.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти, меѓу кои 19 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи, еден независен кандидат, како и шест политички субјекти кои ја претставуваат српската заедница.

На изборите се регистрирани 1.970.944 граѓани за гласање во Косово, а 104.924 лица од дијаспората го искористија своето избирачко право завчера.

Косовското Собрание брои 120 пратенички места, од кои 20 се резервирани за припадниците на малцинските заедници. Српската заедница има загарантирани 10 места, додека бошњачката има три, турската два, а ромската заедница (РАЕ) четири. Горанската заедница располага со едно пратеничко место.

Изборниот праг за влез во парламентот изнесува пет проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бучковски: Ако го прифатиме новиот предлог на Бугарија за работните групи, ќе покажеме дека имаме направено сериозни подготовки

Редакција

Детален преглед: Во 33 општини избрани градоначалници во првиот круг

Редакција

(Галерија) Жбогар и Шекеринска на пастрмалија кај Бочварски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница