Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни.
Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена подоцна, на 3. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видевски тврди дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на Вања и Панче
Манев тврди дека незнаел дека Палевски носел пиштол, инаку немало да биде во судница