еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Дисциплинска за полицаец, чија службена легитимација била злоупотребена од неговиот син, кривична за синот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР) презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај, информираат од таму.

„Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил како полициски службеник и ја покажал службената легитимација на неговиот татко.

Притоа, Ф.Х. физички го нападнал лицето, кое потоа настанот го пријавило во полициска станица.

Во врска со настанот, СВР Скопје во соработка со јавен обвинител, против Ф.Х. ќе поднесе кривична пријава по член 386 – „насилство“ од Кривичниот законик.

Додека, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди констатира дека полицискиот службеник И.А.Х., дозволувајќи неговата службена легитимација да биде употребена за лични цели од неговиот син, постапил спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи и против него ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за нарушување на работниот ред и дисциплина,“ велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кој сектор е највисоката бруто-плата во август

Редакција

(Фото) Претседателот Пендаровски и сопругата секогаш елегантни: Елизабета блесна на „Браќа Манаки“

Редакција

Обвинителство бара притвор за Зоран Милески-Кичеец за сообраќајката во која едно лице почина, а седумина беа повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница