еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ од Чезаре Пуњи, ќе биде изведена на 19. февруари

Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19. февруари со почеток во 20 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименес Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Симона Колиштркоска, во улогата на Гудула ќе настапи Саша Евтимова, која оваа година одбележува 25 години уметничка дејност како истакнат балетски играч, педагог и кореограф.

Настапуваат: првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетот „Есмералда“, познат по својата техничка сложеност ги истражува длабочините на човечките емоции, додека истовремено нуди спектакуларни танцови изведби кои го задржуваат вниманието на публиката. Оваa изведба ќе создаде незаборавно балетско искуство и ќе ги поттикне гледачите да размислуваат за судбината, љубовта и жртвите што ги носи животот.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол, најтргуваните во февруари

Редакција

„Мај комерц-Леар“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на гумени транспортни ленти вреден 767.000 евра

Редакција

Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето и опасност за живеењето, предупредуваат од Општина Карпош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница