еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден од подметнувачите на пожарот во кафе барот на државниот правобранител Речи во Охрид има 19 години

Пред неколку дена беше опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи во Охрид, а пожарот предизвика и штета на Градскиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Од Основното јавно обвинителство Охрид информираа дека пожарот го подметнале две лица.

За едното кое има 19 години и е од Скопје е отворена истражна постапка, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност.

Од Обвинителството информираа дека на 10. март во раните утрински часови тие заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид и фрлиле запаливо средство во објектот.

Со тоа предизвикале пожар кој го зафатил и го оштетил кафе барот, внатрешноста и надворешноста од деловната зграда на ЈП Градски пазар и околните објекти, каде што во тој момент живееле и престојувале луѓе, со што предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и поголема имотна штета.​

За 19-годишникот Обвинителството побара и притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Агрон Речи, државниот правобранител чии угостителски објект беше опожарен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Можен пик на корона вирусот за 1 месец, можни заразени 2.000 лица

Редакција

Заев не очекува Иванов да даде нова аболиција, овој пат за „27 април“

Редакција

Детален преглед по скопските општини: Аеродром, Карпош и Центар со рекорден број случаи на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница