еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жената од Кратово била тепана и давена, пред да ги убие сопругот и свекoрот

Од Основното јавно обвинителство Куманово денеска соопштија детали за двојното убиство Кратово, кое ја потресе македонската јавност.

Обвинителството донело Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo убиство, информираа од таму.

„При вршење семејно насилство на 13. јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави.

Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената“, соопшти Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жената од Кратово која го уби сопругот и свекорот пријавувала семејно насилство, ама ја пријавувале и неа

Познат идентитет на жената од Кратово која ги уби сопругот и свекорот: Детали од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Теута Арифи, на која Општина Тетово и поднесе кривична пријава

Редакција

Кодовите МКД и МК се во согласност со Преспанскиот договор, вели министерот Маричиќ

Редакција

(Видео) Приведени тројца македонски државјани кои во Сирија се бореле за ИСИС

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница