еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

За кои три убиства се сомничи групата на Шеваљ Муареми, по кој е рапишана меѓународна потерница

Криминалната група од селото Грчец, „Дуќанџик“, повторно е во фокусот, откако Министерството распиша меѓународна потерница по нејзиниот водач, Шеваљ Муареми, како и други седум членови на групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Шеваљ Муареми, лидерот на групата од Грчец по кој МВР распиша меѓународна потерница

Групата се сомничи за три убиства и еден обид за убиство, како и за трговија со дрога.

За кои убиства станува збор?

Групата на Муареми се сомничи за двојното убиство во скопско Топанско Поле во март 2021 година, кога во автомобил беа најдени застрелани 28-годишниот Африм Бериша и 24-годишниот Бурим Вардари.

Таа се сомничи и за убиство на албански државјанин чие тело, изедено од диви животни, беше најдено над селото Горно Матка во мај 2020 година. Како што информираа тогаш од полицијата, убиениот бил закопан во дупка во овој слабо населен реон, но телото било полуоткопано од диви животни. Убиениот беше препознат по тетоважа.

Групата се сомничи и зад обид за убиство во Бардовци во 2019 година, на Борис Мутков – Фантом. Тој бил нападнат додека се движел со автомобилот. Овој инцидент се поврзуваше со нападот кој претходно се случи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, кога мета беа членовите на групата Дуќанџик“, кои седеле на маса заедно со полицаец,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се другите лица од групата од Грчец по кои е распишана меѓународна потерница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработените во автомат-клубовите и казината со реакција: Игрите на среќа и да се забранат целосно, луѓето повторно ќе најдат начин да играат

Редакција

(Видео) Голем пожар: Горат бараки во близина на Стара рампа во Скопје

Редакција

Конзорциум предводен од „Каргомакс“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на возила вреден 3,2 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница