еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

За неколку дена во Општина Центар собрани 901.768 денари за лекување на Лео

Во рамки на детската хуманитарна програма организирана од Општина Центар, собрани се 901.768,00 денари за лекување на младиот Леонид Индов Лео, информираа од таму.

Општинските градинки и училишта, пред Новата година, организираа низа  добротворни базари, проследени со музички точки и претстави, на кои граѓаните имаа можност да донираат за Лео.

Средствата собрани на овие предновогодишни хуманитарни приредби, што се одржаа во Рамстор, веќе се уплатени на сметката за лекување на Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци.

„Хуманоста сите не сплоти. Со помош на нашите млади уметници и настапите на Златните славејчиња, помогнавме Лео да продолжи со лекувањето. Упатувам апел до сите наши сограѓани да се приклучат кон ваквите акции и да помогнат,” порачува градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа голема хуманитарна акција,а пред се на децата, наставниците и родителите кои покажа дека со сплотеност и солидарност во срцата може да се помогне таму каде што е најпотребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште сме му потребни на Лео, да помогнеме

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР го потврди убиството на бизнисменот од Скопје во Ханиоти

Редакција

Светските резерви на храна би можеле да бидат загрозени како домино ефект од руската инвазија на Украина

Редакција

Нема крај на несреќите по скопските улици: Пронајдена жената која што вчера удри во пешак и побегнала

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница