еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

За шестиот Андерфест најавени шест добро познати бендови

Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.

За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.

Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.

Продажбата на карти за фестивалот e започната и истите можете да ги набавите во билетарата на МКЦ или преку следниот линк bileti.mkc.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1.592 починати од Ковид-19, 282 биле вакцинирани

Редакција

Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат

Редакција

МВР склучи договор со Три-М Трејд вреден 512,1 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница