Засега останува непознато дали смртта на бизнисменот Чедомир Радомировиќ (67) е убиство или самоубиство.
Што се случило треба да покаже обдукцијата, која требаше да биде завршена вчера.
Радомировиќ, кој е основач на фирмата „Техноком“ и на „Радо банка“, која пропадна во 2005 година поради неликвидност, беше пронајден застрелан завчера покрај автомобил марка „лексус“ со скопски регистрации во скопското село Орман.
Крвавел во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура.
Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ каде им подлегнал на повредите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Застрелан бизнисменот Чедомир Радомировиќ, непознато дали е убиство или самоубиство
Детали од МВР за смртта на бизнисменот Радомировиќ