еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.

„Со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна.

Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските.

Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговците да го следат примерот на КАМ маркет, кој ги замрзна цените на 100 производи

Редакција

„Бапал“ го доби тендерот за одржување хигиена во Собранието вреден 86.000 евра

Редакција

Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница