еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

И Грците незадоволни од пописот во Албанија, загрижени се и за прикажувањето на бројот на православните

И грчкото, како и македонското малцинство во Албанија не е задоволно од резултатите од минатогодишниот попис во Албанија, кои беа објавени деновиве.

Во Албанија како Грци се изјасниле 23.485 лица.

За истите реагираа од здружението на етничките Грци во Албанија, „Омонија“, пренесуваат грчките медиуми.

Од таму резултатите ги нарекуваат “неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство“.

Изразуваат и загриженост за бројките за населението, кои се однесуваат за верска припадност, не прифаќајќи го ни бројот на православните во земјата.

– Конкретно, сакаме да изразиме загриженост во однос на димензијата на сликата на религиозниот состав што ја претстави Институот за статистика на Албанија (ИНСТАТ). Бидејќи огромното мнозинство од припадниците на грчкото етничко малцинство припаѓаат на Православната црква, не можеме да не ја осудиме упорноста да се поправи бројната големина за православните, далеку од реалноста и од она што е историски потврдено.

Тоа не е добар предзнак за мирен соживот во земјата, ниту пак служи на добриот имиџ што ѝ е потребен, велат од таму.

Вкупниот број на православни, според пописот е 174.000 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија презадоволна од пописот во Албанија, и се заблагодари на земјата за сработеното

Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597

Албанија ја поправи грешката, „северномакедонци“ во пописот станаа Македонци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрага за шест затворски полицајци, а за 11 предистражна постапка за помагање во бегство на затвореник

Редакција

Грција ја затвора границата со Србија поради епидемиолошката состојба, голем број српски туристи биле позитивни на Ковид-19

Редакција

Eau roma water – тоник за лице од Lush: Смирувачки тоник за зрела, сува и/или чувствителна кожа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница