25-годишната Наташа Соврановски, Македонка по потекло од Охрид, која живееше во Германија, и се водеше за исчезната од втори септември е пронајдена мртва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум дена во Германија е исчезната 25-годишната Наташа Соврановски
Како што соопшти германската полиција нејзиното беживотно тело е пронајдено минатиот понеделник во шумската област во Бад Тејнах – Завелштајн, кој се наоѓа во близина на градот Штутгард.
Полицијата истражува убиство, а осомничен е 45-годишен маж.
Тој е во притвор и е осомничен за убиство од небрежност.
Познато е дека двајцата се познавале, но нема информации во каква врска биле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезната ли е Македонката Наташа Совраноски во Германија?