еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската 1 Премиер карате лига А серија, а на него ќе учествуваат и членови на скопскиот клуб „Макпетрол“, информираат од таму.

Најквалитетните светски каратисти ја отвораат сезоната во лигата на турнири организирани од Светската карате федерација.

Пријавени се делегации од 81 држави, со 1.094 спортисти, кои што од 12 до 14. јануари ќе се натпреваруваат во Атина. Сениорскиот тим на „Макпетрол“ ќе учествува со осум спортисти во машка и во женска конкуренција.

Претставниците на скопскиот клуб се добро подготвени. Тие на почетокот на годината заминаа во Охрид, каде што една недела се подготвуваа непосредно пред овој турнир и очекуваат да имаат добри настапи на почетокот на новата сезона која започнува со овој натпревар.

На турнирот во Атина ќе учествуваат следните каратисти од „Макпетрол“: Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријави се на Виз Ер Скопски маратон! – најголемиот спортски настан ќе се одржи на 10 мај 2020

Редакција

Авицена Женска трка се надминува себеси: Рекорден број пријавени кандидатки

Редакција

Аргентина прв финалист на Светското првенство во фудбал во Катар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница