еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европската Универзијада во Унгарија

Македонската универзитетска карате-репрезентација ќе се натпреварува на претстојната Европска Универзијада во Унгарија, а дел од нејзиниот состав се и неколку спортисти од „Макпетрол“, информираат од таму.

Членовите на скопската екипа успешно ги завршија подготовките и заминуваат на големиот собир којшто од 14 до 19. јули ќе се одржи во унгарските градови Мишколц и Дебрецен.

На Европската Универзијада ќе земат учество преку 5.000 студенти од 400 универзитети од 40 европски држави. Тие ќе се натпреваруваат во 18 различни спортови.

„На летната Европска Универзијада заминуваме подготвени како и секоја година. Сакам да истакнам дека македонските карате-спортисти имаат голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзијади и светските универзитетски првенства.

Очекуваме добро претставување на македонскиот карате тим во Унгарија. Натпреварите во боречките спортови и во карате ќе се одржат во градот Мишколц во периодот од 16 до 18. јули,“ истакна Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате репрезентација.

Детални информации за случувањата на Европската Универзијада можат да се следат преку официјалниот вебсајт и каналите на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Австрискиот фудбалер Арнаутовиќ по навредливите зборови кон Алиоски се извини и на македонски и на албански

Редакција

(ВИДЕО) Ѓоковиќ: Доаѓам во Македонија, ја видов поканата на Заев, Охрид мора да го видам

Редакција

Пријави се на Виз Ер Скопски маратон! – најголемиот спортски настан ќе се одржи на 10 мај 2020

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница