еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Клиника Жан Митрев додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Клиниката Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи на новороденчиња од Општина Центар, информираат од таму.

Ова е веќе третпат годинава како се доделуваат ваучери за бесплатни прегледи за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете и досега се поделени вкупно 300 ваучери.

Доделувањето на ваучерите е согласно меморандумот за соработка што клиниката го има потпишано со Општина Центар и е традиционална активност која се одвива веќе пет години по ред. Со ваквата грижа Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој, посочуваат од таму.

Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето. Педијатрите на Клиника Жан Митрев ги очекуваат родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Отворена е првата регионална благајна на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА во Кочани

Редакција

Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на 21-ви ноември во Капитол мол

Редакција

РФМ собра 1.372.550 денари за „СОС Детско село“ од билетите за хуманитарниот ракометно-музички спектакл

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница