еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Роберт Превост, првиот американски папа

Топ тема во светот е изборот на новиот папа на Римокатоличката црква, Роберт Франсис Превост (69), кој го избра името Лав XIV.

Тој е првиот американски папа и ќе биде 267. носител на престолот на Свети Петар.

Кој е Превост

Роден е во Чикаго, САД, во 1955 година од родители со шпанско и француско-италијанско потекло.

Превост прво студирал математика, а во 1977 година се приклучил на Августинскиот ред на Католичката црква.

Во 1982 година бил ракоположен за свештеник во Рим, Италија, каде што подоцна докторирал по канонско право.

По три години се преселил во Перу, каде станал мисионер, но се врајќал во САД за да служи како пастор и игумен во својот роден град.

Таму основал парохии и учествувал во обуката на епископи.

Има и перуанско државјанство, а е познат и по својата работа со маргинализирани заедници.

Во Перу бил и локален парохиски пастор и учител во семинарија во Трухиљо во северозападен Перу.

Во 2015 година неговиот претходник папата Франциск, кој почина неодамна, го поставил за бискуп на Чиклајо во Перу.

Во 2024 година Франциск го постави за кардинал.

Тој меѓудругото ги дели ставовите на Франциск за мигрантите, сиромашните и животната средина.

Важи за тивок човек.

Неговата официјална биографија ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американецот Роберт Превост е новиот папа, Лав XIV

Фото/видео: Vatican news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената ќе достигне максимум 2,5 евра: Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, тврди директорот на „Благој Ѓорев“

Редакција

Случај „Рекет“: Камчев ја повлече тужбата за Кичеец, Јанева му рече дека халуцинира за тоа како бил рекетиран

Редакција

Протоколот за членство на Македонија во НАТО ратификуван и од Чешка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница