еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Македонија повторно е завиена во црно„: Повик за протест утре во Скопје и низ Македонија

Од неформалната група „Кој е следен?“ по трагедијата во Кочани за утре во 18 часот повикаа на јавен собир во Скопје и низ земјава.

„Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени.

Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на друг утеха, ако воопшто и можеме“, се вели во најавата за јавниот собир.

Оттаму повикаа на заедништво во ужасот и ги повикаа сите луѓе низ цела Македонија да се соберат на плоштадите во своите градови и, како што велат, да не поминуваат низ ова сами.

„Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени. Тек допрва ќе доаѓаат црните денови за нас, а низ Македонија заедно ќе се тагува и плаче. Така, ќе треба и Македонија заедно да се лечи“, се посочува во повикот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Демолирано кафуле на сопственикот на т.н. дискотека и каменувана зградата на Општината Кочани

(Видео) Револт и тага: Студентите се собраа пред платото на УКИМ за трагедијата во Кочани

(Видео+фото) Протест во Кочани: На неколку лица им се слоши

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Средношколците од Тетово со моќна порака: „Говориме различен јазик, но плачеме исто!”

Редакција

Дрисла склучи договор со Пуцко петрол вреден 3,7 милиони евра

Редакција

(Фото) Кој се дојде: И сопругот на Шекеринска, доби награда на изборот на Мажи на годината

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница