еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ќе го менува државниот грб, Мицкоски потврди дека се водат разговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди

Повторно се водат разговори за промена на државниот грб.

Информацијата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој откри дека за тоа се водат разговори помеѓу владејачките ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди, и посети дека договор за менување на државниот грб имало и помеѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ, кога тие биле во истата влада, во времето кога премиер беше Никола Груевски.

-Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб. Тоа беше пред неколку години, ако не се лажам, 2014 или 2015.

Инаку, ние тоа прашање го отворивме и ценам дека сме една од двете држави, постсоцијалистички коишто сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации.

Но, кратко да кажам, имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста влада, односно кога таа влада ја водеше Никола Груевски, рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Водно ќе нема движење од 18 часот до 6 наутро, за да се спречат забавите и собирањата

Редакција

Владата ќе се задолжи за околу 600 милиони евра за да се справи со кризата со корона вирусот

Редакција

(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница