еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мендух Тачи и ДПА не се повеќе дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Лидерот на опозициската ДПА, Мендух Тачи за телевизијата Клан Македонија потврди дека неговата партија нема повеќе да биде дел од т.н. Европски фронт, предводен од опозициската ДУИ, за што се шпекулираше деновиве.

-Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за стоте дена за владеењето на Владата организирана од „Европски фронт“ е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот“, рече тој.

На последните парламентарни избори Тачи беше кандидат на Фронтот за пратеник, а со неговото заминување, коалицијата ќе остане со 17 пратеници во македонското Собрание.

Фото: Тачи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОРТРЕТ: Која е Санела Шкријељ, новата заменик министерка за труд и социјална политика

Редакција

Кривични за двајца албански државјани за предизвикување пожар во дебарско

Редакција

Доктор Лазаров: Ова не е бран, ова е цунами, сите ќе имате можност да се уверите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница