еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот за економија Дурмиши не чувствува одговорност за трагедијата во Кочани

Актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека не чувствува одговорност за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа 59, а беа повредени 203 лица.

Тој упати одговорноста да се барала кај институциите што се надлежни за спроведување контрола.

Кажа дека Министерството за економија не било надлежно и немало механизам за проверка дали некој има лиценца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен поранешниот министер Бектеши

Прашан за неговиот претходник, Крешник Бектеши, кој доби 30 дена притвор и е еден од осомничените во истрагата која ја отвори за случајот Основното јавно обвинителство, одговори дека тој не бил надлежен за давање на било какво мислење за тоа.

-Јас не сум надлежен за давање на било какво мислење за тоа. За мојата работа другите надлежни органи се тие кои треба да кажат било што во врска со тоа, рече Дурмиши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Размена Чекиќ Дуровиќ, која ја потпишала фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека во Кочани

Каков имот пријавил поранешниот министер Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани

Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица

Фото: Фејсбук/Дурмиши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕБИТДА на ОКТА во првите девет месеци годинава достигна 336 милиони денари при пад на цените на нафтата и зголемени трошоци

Редакција

Од 600 до 800 денари субвенции за сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи, да аплицираат до крајот на февруари

Редакција

Игор Југ починал од срцев удар славејќи роденден на ќерката, синот никогаш нема да го види

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница